Top Sport

Работнички со +56 за Пелистер

Работнички го отвори четвртото коло во македонската Прва лига со убедлива 105:49 победа над Пелистер во меч во кој од стартот до финишот немаше никаква неизвесноста за победникот.

Тимот од „Градски парк“ своето го кажа уште во првата четвртина, која заврши со фантастични 32:8, додека на полувреме резултатот беше 45:20.

Најефикасен за Работнички беше Американецот Маркус Гинјард со 28 поени, Костов имаше 18, а капитенот Мираковски уфрли 17. Кај гостите најефикасен беше Роберт со 16 поени.

Со рутинската победа, Работнички е на врвот на Првата лига со четири победи во четири натпревари.

ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО

Работнички – Пелистер 105:49

Гостивар – Шкупи утре 18.00

АВ Охрид – Кожув утре 18.00

Карпош Соколи – Фени Индустри недела 18.00

Струмица – Куманово недела 18.30

МЗТ Скопје – Блокотехна 02.11

Scroll to Top