Top Sport

Работнички и Блокотехна нижат победи

По пет кола во Првата лига во кошарка, тимовите на Блокотехна и Работнички имаат максимални пет победи по убедливите победи во неделата.

Во првиот натпревар на денешната агенда, оној помеѓу Блокотехна и Гостивар, се судрија двете непоразени екипи во шампионатот, межутоа јасно стана дека тимот од Гевгелија е далеку поквалитетен и стигна до одлична победа од 85:59. Мијатовиќ уфрли 25 поени, Двејн имаше 18, а Малори 13 за Блокотехна, додека за гостиварци најефикасен беше Сегариќ со 19 поени.

Работнички пак на гостувањето кај Шкупи стигна до исто толку убедлива победа од 103:85, во првиот меч кој новиот прволигаш го одигра на домашен терен. Шкупи во исто време има пет порази во исто толку кола.

Гинјард даде фантастични 37 поени, Костов додаде 27, а Чековски имаше 16 за момците од „Градски парк“, додека кај домаќините најефикасен беше Тејлор со 29 поени, а Херис имаше 18.

Шкупи – Работнички 85-103 (20-31, 17-26, 19-28, 29-18)

Блокотехна – Гостивар 85-59 (22-17, 19-16, 27-8, 17-18)

Scroll to Top