Top Sport

Работнички продолжува со победите, МЗТ со +40 за Шкупи!

МЗТ Скопје се вратија од стартниот пораз од Блокотехна, за во „Јане Сандански“ да го растураттимот на Шкупи со огромни 40 поени разлика – 103:63, додека актуелниот шампион Работнички исто така немаше мака и со 95:56 го декласираше Пелистер во второто коло на кошаркарската Суперлига.

Андреј Маслинко имаше одлична партија со 30 поен и 11 скока за само 35 минути игра, додека Мамузиќ имаше 17, Тодоровски 13, а Лука Стојановски, кој дебитираше за МЗТ Скопје во еден официјален меч, уште десет поени и пет асистенции.

СУПЕРЛИГА, 2.КОЛО

Кожув – Охрид 92:81 (24:21, 20:24, 30:19, 18:17)

МЗТ Скопје – Шкупи 103:63 (27:11, 28:14, 24:12, 24:26)

Работнички – Пелистер 95:56 (34:11, 18:23, 20:14, 23:8)

Фени И. – Блокотехна

Scroll to Top