Top Sport

Работнички рутински со Фени И., Куманово победи во Охрид

Работнички и без публика во „Градски парк“, стигнаа до победа над Фени Индустри од 80:63 за втора победа на стартот на новиот македонски шампионат.

По израмнетиот прв период, Работнички ја доби клучната втора четвртина со 7 поени предност, која ја зголемуваше до крајот на натпреварот. Ѓорѓи Чековски имаше 22 поени за победниците, додека Крстевски заврши со 12. Ова е втора победа на Работнички во две кола во Првата лига.

Кумановци пак, се вратија по домашниот пораз од Работнички во минатото коло, победувајќи го Охрид со 73:91 на гости. Блокотехна доминираше против Пелистер за 95:51 победа, а слично помина и Кожув на гостувањето во Гостивар, губејќи со 101:75.

ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО

Работнички – Фени Индустри 80: 63

АВ Охрид – Куманово 73:91

Блокотехна – Пелистер 95:51

Гостивар – Кожув 101:75

Scroll to Top