Top Sport

Работнички се врати од негатива од 22 поени, но на крајот загуби од Борац

Работнички губеше од почетокот до крајот на дуелот од АБА втората лига со Борац Бања Лука во Златибор, за во последната четвртина да направат неверојатен камбек и да дојдат во водство, пред во самиот финиш да загубат со 77:82 (17:20, 15:26, 18:22, 27:14) и да си ги намалат шансите за опстанок во регионалното натпреварувања.

Дамиер Питс беше најефикасен со 26 поени, Бундовиќ додаде 18, а Торнтон уфрли 16, додека за Борац најдобар беше Никола Танасковиќ со 22 поени.

Работнички остануваат на претпоследното 13-то место со 3-8 скор, додека Борац се втори со 8-3 скор зад доминантните Студентски Центар со 11-1.

Scroll to Top