Кошаркарскиот клуб Сплит го прослави својот 75-ти роденден, а во таа чест доби посебни патики како неслужбено најдобриот кошаркарски клуб во 20. век.
Произведувачот на спортска опрема „Адидас“ произведе ексклузивна верзија на патиките на клубот и ги воодушеви сите оние на кои Југопластика им е во срцето.
Патиките се бели, а на страничните делови ги украсува натписот „Југопластика“. Во ограничен број се, а ги добија сите играчи од таа генерација.
Меѓу нив беше и носителот на таа генерација играчи – Дино Раџа.
Сепак, хрватската кошаркарска легенда се одлучи на хуман потег. Одлучи на хуманитарна аукција да ги продаде патиките, а парите да ги уплати на Здружение за борба со Даунов синдром.
По неколку дена од аукцијата, патиките завршиле кај анонимен купувач кој за помош на заболените со Даунов синдром ќе уплати 3.000 евра.