Top Sport

Раџа: Обрадовиќ е газда и сака се да држи под контрола, во НБА тоа не поминува!

Легендата на хрватската кошарка – Дино Раџа во поткастот „Nagets Srbijа“ даде свој коментар за актуелните случувања во НБА лигата, притоа осврнувајќи се на постигнувањата на центарот на Денвер, Никола Јокиќ.

Јокиќ е преталентиран, со тоа човек се раѓа. Задоволство е да се гледаат Јокиќ и Дончиќ во НБА, иако мислам дека двајцата уште можат да напредуваат на физички план, со што би ја унапредиле играта на повисоко ново. Дефинивно се две момчиња кои се родени таленти, Американциве не можат да најдат начин да излезат на крај со нив“ рече Раџа.

Хрватот смета и дека прославениот српски кошаркарски стратег, Жељко Обрадовиќ не би можел да биде тренер во НБА лигата затоа што таму системот е поинаков.

„Тој нема `влакна на јазикот`, а знае повеќе од сите други заедно. Тогаш би дошол во ситуација да се закачи со сите таму, се плашам дека не сака да оди во НБА затоа што е свесен за својот квалитет, тој е газда и сака се да држи под контрола, а таму тоа не е можно“ рече Раџа.

Scroll to Top