Претседателот на стручниот совет на Хрватскиот кошаркарски сојуз, легендарниот Дино Раџа потврди дека постои можност хрватските клубови да се повлечат од АБА лигата и наместо тоа да настапуваат во Алпе Адрија купот, натпреварувањето под рамките на ФИБА, на кое сега играат клубови од Австрија, Чешка, Полска, Словачка и Словенија.
„Уште ништо не е одлучено, но на седницата во вторникот им понудивме на клубовите опција да играат во Лигата на шампиони, Еврокупот и Алпе Адрија купот, за што ќе бидат платени. Сега, тие треба да одлучат во рок на една недела. Ако се договорат, нема да можат да се во АБА лигата поради распоредот. Што ни донесе АБА во последните 20 години? Апсолутно ништо. Живееме, се бориме да останеме, а лигата е полигон за Црвена звезда и Партизан да носат странци. Потоа се чудиме кога не победуваат Полјаците и Романците. Ајде да смениме нешто, да видиме како работат, какви им се клубовите“, вели Раџа.