Top Sport

Радоњиќ седна на клупата на Панатинаикос

Досегашниот тренер на Црвена Звезда, Дејан Радоњиќ, е нов предводник на грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос. Тој потпиша договор на две години и ќе се обиде да го врати клубот на славните патеки.

„Среќен сум и горд што добивам шанса да работам во еден од најдобрите тимови во Европа. Сакам да заблагодарам на укажаната доверба. Верувам дека заедно ќе направиме многу големи работи за Панатинаикос“, изјави Радоњиќ по потпишувањето на договорот.

Прво засилување за Панатинаикос во ерата на Радоњиќ треба да биде српскиот репрезентативец Филип Петрушев.

Scroll to Top