Top Sport

Раѓа: Престанете да сер.те на Новак Ѓоковиќ!

Легендата на хрватската кошарка, Дино Раѓа преку својот Фејсбук профил застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ и „Адрија турнејата“, тениските турнири во Белград и Загреб, по кои Ѓоковиќ, неговата сопруга, Григор Димитров, Виктор Троицки и Борна Чориќ се заразија со корона вирусот.

Раѓа смета дека Ѓоковиќ сакал да и помогне на Хрватска и дека се покажал како вистински пријател на оваа земја, и вели дека вината се префрла на него сам обидејќи е славен.

„Неверојатна е количината на ср.ња кон Новак овие денови. Како да се натпреваруваат кој повеќе ќе се пос.ре. Човекот направи сè да ни помогне нас на Хрватите да се промовираме и да спасиме дел од летната сезона. И секако, биди добар, изеди гомно! Дали имаше грешки? Секако дека имаше. Но, прво Димитров и организацијата, а потоа другите. За споредба, погледнете ги кафулињата, ноќните клубови, натпреварите, јавниот превоз. Никој не носи маска, ниту се држи на дистанца. Но, не е финта да се с.ре по Анте или Мато, туку само против Новак. А тој го ризикуваше животот да ни направи нешто“, вели меѓу другото Раѓа.

Scroll to Top