Top Sport

Рајаковиќ: Чувствувам одговорност и гордост што ја претставувам Србија во НБА

Кошаркарскиот тренер на Торонто, Дарко Рајаковиќ изјави дека чувствува голема одговорност да ја претставува Србија во НБА лигата.

„Имавме премногу загубени топки. Им дозволивме 24 поени кои дојдоа по нивните офанзивни скокови, така што тоа се некои работи на кои треба да работиме и да бидеме подобри“, изјави Рајаковиќ за РТС.

Торонто имаше 17 поени предност на крајот на четвртата четвртина, но се потроши и загуби во продолжението.

„Двата тима беа многу конкурентни и навистина сакаа да победат. Едноставно, почеток е на сезоната, тимовите се уште учат, го учат системот, така што беше за очекување ваквата игра да биде на почетокот на годината. “ изјави Рајаковиќ.

Торонто ја совлада Минесота со 97:94 во првиот натпревар од новата сезона во НБА.

Беше навистина добра атмосфера, имаме фантастични навивачи и играчите тоа го прославија на свој начин“, изјави Рајаковиќ.

Српскиот тренер веќе една деценија работи во САД, претходно беше асистент во Оклахома, Феникс и Мемфис, а за прв пат во кариерата како главен тренер води НБА тим.

Рајаковиќ е вториот српски тренер кој е прв тренер на НБА франшиза, по Игор Кокошков.

„Чувствувам голема одговорност и гордост бидејќи и јас ја претставувам мојата земја. Ми беше дадена фантастична можност да водам НБА тим и ќе направам се за да бидам успешен во оваа работа и да ги отворам вратите за многу тренери од Европа“, изјави Рајаковиќ во интервју за РТС.

Рајаковиќ кариерата ја започна во родниот Чачак.

Горд сум што доаѓам од тој град, дадоа големи имиња како тренери и играчи, па поздрав до сите мои чачанци“, изјави Дарко Рајаковиќ.

Scroll to Top