Top Sport

Рајдер: Шек ми даваше 10 илјади долари за да се степам со Коби!

Шекил О’Нил и Коби Брајант во текот на нивната заедничка кариера со Лос Анџелес лејкерс од 1996 до 2004 година имаа голем број на тензични моменти и покрај тоа што освоија три НБА титули, и сега во интервју нивниот соиграч Ајзаја Рајдер открива до каде одело тоа ривалство.

Рајдер вели дека кога пристигнал во Лејкерс во 2001 година, Шек му понудил 10.000 долари за да се степа со Коби на некој тренинг, и тоа само три дена по неговото пристигнување.

„Кога дојдов во Лејкерс, Шек ми вели ако се степаш со Коби ќе добиеш 10.000 во соблекувалната. Само три дена по тренингот. Си помислив: ’Ајде, човеку, се играш со мене’. Тој ми вели има 10.000 долари во банкноти од по еден долар и ако го направиш тоа, тие се твои. Но, ако ставев рака на тој човек, мојата кариера во Лејкерси бргу ќе завршеше“, открива Рајдер.

О’Нил и Брајант на крајот, секако, ги поправија своите односи, посебно по пензионирањето и станаа добри пријатели. Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана загинаа во хеликоптерска несреќа во јануари, а О’Нил беше еден од говорниците на меморијалното случување во „Стејплс центарот“ во февруари.

Scroll to Top