Top Sport

УФЦ гради остров за борби – ќе биде подготвен за еден месец

УФЦ ќе го има ексклузивниот остров за борби кој ќе биде подготвен за организирање мечеви за еден месец, тврди претседателот на федерацијата, Дејна Вајт по откажувањето на УФЦ 249 и покрај драстичните обиди на Вајт за шоуто да се оддржи на „индијанска територија“ во Калифорнија.

50-годишниот Вајт потклекна под притисокот на првите луѓе од „Дизни“ и „ЕСПН“, откажувајќи ја пресметката помеѓу Тони Фергусон и замената за Хабиб Нурмагомедов, Џастин Гетџи, но сега има поинаков план за борба против последиците од корона вирусот, со изградба на објекти на засега неидентификуван остров каде што би можело да се оддржуваат мечеви без разлика на состојбата во остатокот од светот.

„Мојот план за ’Фајт ајланд’ ќе се оствари. Инфраструктурата се гради сега и како ќе се доближуваме до датумот на комплетирање, ќе почнеме да закажуваме мечеви. Момците ќе може да пристигнат таму предвреме и да почнат со тренинзи. За еден месец ќе биде готово“, вели Вајт во интервју за „ЕСПН“.

Иако Вајт не ја открива локацијата на овој остров, фановите подолго шпекулираат дека тој има во лична сопственост остров во близината на брегот на Калифорнија.

Scroll to Top