Top Sport

Рајковиќ тренер на сезоната во ВТБ лигата

Емил Рајковиќ (44) предводникот на ЦСКА Москва е прогласен за најдобар тренер во ВТБ лигата за сезоната 2022/23.

Македонецот со ЦСКА во регуларниот дел од сезоната забележа 30 победи на 32 натпревари.

Во првото коло од плеј-офот неговиот клуб го победи Автодор (3:0), ЦСКА игра со Локомотив Кубан. Резултатот во оваа серија е 1:1, откако вечерва Локомотив во драматичен меч славеше во Москва со 84:83.

ЦСКА Москва под водство на Рајковиќ постави пет рекорди во ВТБ лигата: најдобар почеток на сезоната и најдолга победничка серија (24:0), 30 победи во регуларниот дел од сезоната, 14 натпревари со 100 поени или повеќе и најмногу поени во просек по натпревар (95,6).

Scroll to Top