Top Sport

Расел од ЛА Лејкерс се враќа во Бруклин

Лос Анџелес Лејкерс постигнале договор за трејд со Бруклин Нетс.

Според Шамс Шаранија од „ESPN“, Лејкерси се согласиле да ги испратат Д’Анџело Расел, Максвел Луис и три п9ика од втората рунда на драфтот во Бруклин Нетс.

За возврат ќе ги добијат Доријан Фини-Смит и Шејк Милсон.

Расел вторпат во кариерата ќе се пресели од Лејкерси во Нетс, истото се случи и во 2017 година, кога за прв пат го смени тимот.

Тој оваа сезона има просек од 12,5 поени, 2,8 скока и 4,5 асистенции.

Од друга страна, Лејкерси ќе го добијат крилниот центар Фини-Смит, кој сезонава има просек од 10,5 поени, 4,5 скока и 1,8 асистенции.

Лос Анџелес Лејкерс е на шестото место на Западот со 18 победи и 13 порази, додека Бруклин е 12-ти на Истокот со скор 12-19.

Scroll to Top