Играчот на Работнички, Маркус Гинјард, синоќа бил мета на расиситички напад во центарот на Скопје, од група момчиња.
Гинјард, бил излезен во центарот на Скопје, а групата момчиња го следеле и расистички го наредувале, испуштајќи мајмински крици и нарекувајќи го нигер.
„Им благодарам на групата македонски момци кои ме следеа вечерва, испушта мајмунски крици и ме нарекуваа нигер. Благодарам што ме потсетивте дека се уште чувствувате страв од мојата прекрасна црна кожа“, напишал Американецот на „Инстаграм“.