Top Sport

Јуве сака одмазда, Реал продолжување на успешната серија

Минатогодишните финалисти, Јувентус и Реал Мадрид, утревечер ќе ја отворат четврт-финалната фаза во Лигата на шампионите. Покрај овој дуел, во вторник, на програмата е и првиот меч помеѓу Севилја и Баерн Минхен.

Реал минатата година го победи Јувентус во финалето 4.1 и стана првиот тим што успеал да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите. Четврт-финалето е шанса за „старата дам“ барем малку да се одмазди за поразот во Кардиф.

„Реал е подобар тим од јувентус. Тоа не го велам јас туку историјата. Освојувањето на Лигата на шампионите и понатаму е мојот сон. Ние можеме да се натпреваруваме со Реал, но тие секогаш покажувале дека имаат нешто посебно, нешто поинакво. Што е тоа што ги прави поинакви од другите? Па тие се најдобриот тим во светот. Дали некој се сомнева во тоа? Ја освоија Лигата на шампионите три пати во последните четири години“, рекол Џиџи Буфон.

„Кралот“ и „дамата“ утревечер ќе го одиграат 20.меѓусебен дуел, сите се во елитното натпреварување. Реал има девет победи, една повеќе од ривалот.

Иако Реал, минатата сезона, убедливо го победи Јувентус во финалето, италијанскиот шампион е посупешен од Реал во последните четири дуели во нокаут фазата.

„Дали овој Реал е непобедлив во Европа? Не. Ниту еден тим не е непобедлив“, заклучил Буфон.

Реал се наоѓа во добра форма, 10 победи на последните 11 натпревари во сите конкуренции.

„Дуелот со Јувентус доаѓа во добар период за нас. Играме добро изминатите месеци, постигнуваме мног голови. Ќе се обидеме добриот моментум“, рекол крилниот напаѓач на Реал, Лукас Васкез.

Зинедин Зидан, утревечер, прв пат како тренер ќе гостува во Торино, каде како играч имаше успешна кариера.

„Ова е поинакво натпреварување од Ла Лига. Ова е различен натпревар од сите досегашни. Мораме да бидеме максимално мотивирани и по секоја цена да постигнеме гол во Торино“, рекол Зидан.

Реал во Италија отпатува со 24.фудбалери. Зидан, што е често во последните месеци, има диелми само околу тројката во нападот, во конкуренција за место покрај Бензема и Роналдо се Иско, Асенсио и Бејл.

Од друга страна Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, иам големи роблеми со составувањето на тимот. Надвор од комбинација, поради жолти картони, се Миралем Пјаниќ и Мехди Бенатија, а проблеми со повредите имаат Марио Манџукиќ, Алекс Сандро и Федерико Бернандески.

Натпреварот во Торино, во вторник, ќе започне во 20:45 часот.

Scroll to Top