Top Sport

Распад-систем во Хјустон, Харден и Пол веќе не сакаат да играат заедно?

Хјустон Рокетс идната сезона требаше сериозно да ги нападнат Голден Стејт Вориорс во Западната конференција и да ги тргнат од врвот, но се појавија неочекувани проблеми, јавуваат дел од американските медиуми.

Информациите се дека двете најголеми ѕвезди Џејмс Харден и Крис Пол се испокарале, па Пол побарал да биде трејдуван, а „брадата“ дал ултиматум, „или тој, или јас“.

Доколку се точни информациите, Харден и Пол не разговараат веќе 2 месеци, што донело до тензии во соблекувалната.
Пол му замерува на Харден што троши премногу топки, а „брадата“ му замерува на колегата што постојано е склон на повреди.

„ЕСПН“ пишува дека Пол подолг период се исмејува на физичкиот изглед на Харден, а се споменува и инцидент во кој Харден ја запалил кујната на Пол поради погрешно ракување со микробранова печка.

Харден е актуелен МВП, додека Пол е најдобар разигрувач во НБА лигата во последните 15-тина години. Сезоната ја заврши како трет асистент.

Пол има 34 години и минатата година потпиша 4-годишен договор вреден 160 милиони долари.

Управата на Рокетси демантираше судир меѓу двете ѕвезди.

Scroll to Top