Здружението на шпанските кошаркарски судии (АЕБА) ги призна грешките што биле направени во финишот на финалниот натпревар во Купот помеѓу Барселона и Реал Мадрид (94:93).
АЕБА изразиле жалење поради очигледните пропусти во клучните моменти на натпреварот, односно во последните 20 секунди од продолжението. Од ова Здружение порачале дека ги прифатат сите одлуки на Лигата АЦБ, во врска со актуелната ситуација.
Од Реал се лути бидејќи судиите го признале последниот кош на Анте Томиќ, додека од таборот на Барселона се незадоволни бидејќи не беше санкциониран очигледен, неспортски фаул на Ентони Рендолф врз Крис Синглтон.
A ili Diop en esa le pitan antideportiva.
— Javier (@Jmenmar6) February 17, 2019
Реал по финалето се заканија дека ќе го напуштат шпанското првенство доколку АЦБ не признаат дека „кралскиот клуб“ бил оштетен во финалето.
„Препознавме дека на крајот од натпреварот имаше сериозни грешки. Ќе ги прифатиме и ќе се придржуваме на одлуките што ќе ги донесе АЦБ во врска со тие грешки. Не боли, како и сите навивачи, тоа што сме во медиумите поради оваа ситуација. Тоа влијае врз нас бидејќи го почитуваме секој клуб, тим и навивали. Позади секоја грешка стои арбитар кој е личност и кој пати поради грешката што е направена“, стои во дел од соопштението на АЕБА.