Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид го потврди трансферот на центарот Алекс Тајус. Американецот, во Мадрид, пристигна од Галатасарај, каде ја започна оваа сезона.
Алекс Тајус, во Реал, ќе му биде „бек-ап“ на првиот центар Валтер Таварез. Поради напорната сезона, фактот дека за Таврез немаат замена, а и поради повредата на Ентони Рендолф, за кого сезоната е завршена, Реал мораа да ангажираат нов играч.
За трансферот на Тајус Реал на Галатасарај им платиле 125.000 евра.
Тајус, кариерата во Европа ја започна во Макаби Ашдод, потоа играл во Канту, па во Макаби Тел Авив, Ефес, Галатасарај и Уникс.
Најголемиот успех во кариерата му е титулата во Евролигата, која ја освои со Макаби во 2014 година.