Top Sport

Реал го освои шпанското првенство, Руди МВП на финалето

Кошаркарите на Реал Мадрид ја освоија титулата во домашното првенство, откако во финалната серија со 3:1 во победи го совладаа тимот на Басконија.

Избраниците на тренерот Пабло Ласо, четвртиот меч од серијата го добија на теренот на противникот со 96:85.

За МВП на финалната серија е прогласен Руди Фернандез. Крлниот играч на Реал, во четвртиот меч постигна 27 поени.

Реал со 34.титула во домашното првенство стави крај на брилијантната сезона, во која претходно ја освои и титулата во Евролигата.

Четвртиот меч против Басконија веројатно беше последен за Лука Дончиќ во дресот на Реал. Младиот Словенец ќе се појави на НБА драфтот, а прогнозите се дека од наредната сезона ќе игра во најсилната лига во светот.

Scroll to Top