Top Sport

Реал го победи Партизан и испиша историја во Евролигата

Реал Мадрид ја доби драматичната четвртфинална серија против Партизан и се пласира на завршниот турнир во Каунас. Мајсторката во Мадрид, Реал ја доби со 98:94, откако успеа да надомести негатива од 18 поени.

Оваа четвртфинална серија влезе во историјата на Евролигата. Реал стана првиот клуб во историјата на Евролигата кој се вратил од 0-2 во серија. Партизан стана првиот тим во историјата кој испаднал и покрај тоа што серијата ја започна со две победи на гостински терен.

Интересно, во историјата на Евролигата ниту еден тим не успеал да ја добие мајсторката на гостински терен. Оваа сезона таква шанса покрај Партизан имаа Макаби и Фенербахче, но не успеаја.

Кога станува збор за мајсторките, домаќините ги добиле сите 18 пресметки.

Завршниот турнир во Евролигата ќе се одржи од 19 до 21 мај во Каунас, Литванија. Во полуфиналето ќе играат Олимпијакос-Монако и Барселона-Реал Мадрид.

Реал има најмногу трофеи 10 (последниот во 2018 година), Олимпијакос три (последната во 2013 година), Барселона две (последната во 2010 година), додека Монако е дебитант на завршните турнири.

Scroll to Top