Реал Мадрид ќе ја брани титулата в недела против Панатинаикос, откако во второто полуфинале на завршниот турнир во Берлин го победи Олимпијакос со 87:76 (28:10, 28:27, 15:21, 16:18).
Во второто полуфинале немаше никаква неизвесност. Слично како и во првото полуфинале, работите беа решени во рната фаза од натпреварот. Реал, во првата четвртина со шест тројки го торпедираше кошот на Олимпијакос и во вториот период влезе со предност од 18 поени.
Во ист ритам Реал продолжи и во втората четвртина, во која дојде до највисоката преднотс (54:29).
Олимпијакос се разбуди во второто полувреме, во еден момент, во последната четвртина со доближи на негатива од само осум поени, но Реал лесно го одби тој напад и на крајот заслужено победи.
Џанан Муса го предводеше Реал со 20 поени, Марио Хезоња постигна 12, а Гершон Јабуселе и Винсан Поарије по 11.
Кај Олимпијакос се истакнаа Алек Питерс постигна 23 со 10 скока, Шекил Мекисик 17, а Најџел Вилијамс-Гос 15 поени.
Финалниот натпревар Реал-Панатинаикос ќе се одигра в недела од 20 часот.