Кошаркарскиот клуб Реал Масдрид може да остане без трите титули освоени во сезоната 2014/2015. Според „Ла Вангуардиа“, наскоро би можел повторно да биде отворен „случајот Слотер“.
Центарот Маркус Слотер таа сезона играл за Реал со лажен пасош на Екваторијална Гвинеја. Оваа држава е поранешна шпанска колонија, поради што нејзините државјани се сметаат како Шпанци.
Тоа на Слотер му овозможило да игра како домашен играч. Обвинителството побарало две и пол годишна затворска казна, за кошаркарот, за менаџерот Хулијан Арада и тренерот Уго Муњоз.
Слотер рекол дека му дал 35.000 долари на својот менаџер за да му обезбеди пасош на Екваторијална Гвинеја, за да може да игра како домашен играч за Реал, а клубот на неговото место да може да ангажира уште еден странец.
Се очекува дека процесот бргу да заврши, но доколку се утврди дека Слотер ги прекршил правилата, сите натпревари на кои што тој настапил ќе бидат регистрирани со пораз, што значи дека клубот ќе остане без тројната круна.