Top Sport

Реал Мадрид го сака поранешниот деветти пик на драфтот

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид се активира на пазарот, бара засилување во бековската линија.

„Кралскиот клуб“ е во потрага по плејмејкер, бидејќи играчите кои дојдоа изминатато лето, Фелиз и Рејтан-Мејс, не ги оправдаа очекувањата.

Планот на клупските ченици беше Тео Маледон, но играчот кој блеска сезонава во дресот на Асвел, нема да го напушти клубот среде сезоната.

Реал засилување бара во НБА лигата. Пред нешто повеќе од еден месец клубот беше во преговори со Лони Вокер кој на крајот заврши во Жалгирис. Причината е што Реал не сакаше да му даде отворен договор, односно да може да си замине доколку добие понуда од НБА лигата.

Сега, како што објави Баскет њуз, тие преговараат со поранешниот деветти пик на драфтот Денис Смит Јуниор.

Минатата сезона играше за Бруклин, а најдобрата сезона ја имаше како дебитант за Далас кога имаше просек од 15 поени по натпревар. Според овој извор, Смит Јуниор сериозно сериозно размислува да дојде во Европа и Реал Мадрид.

Scroll to Top