Тренерот на кошаркарите на Реал Мадрид, Пабло Ласо, го продолжи договорот со „кралскиот клуб“.
Двете страни уште во финишот на минатата сезона постигнаа согласност за продолжување на соработката, а во средата клубот официјално соопшти дека Ласо ќе го предводи Реал до 30 јуни 2020 година.
Пабло Ласо на клупата на Реал е од 2011 година, со клубот три пати го освоил шпанското првенство, но и Суперкупот на Шпанија, пет пати победил во Купот на кралот, а во 2015 година ја освои Евролигата.
Во кариерата бил тренер на Кателјо, Памеса, Кантабрија и на Гипузкоа од Сан Себастијан.