Top Sport

Ацо Петровиќ стана кариока

Доскорешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Александар Петровиќ, доби нов предизвик во тренерската кариера.

Како што беше најавувано во изминатите неколку денови, Петровиќ е именуван за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Бразил.

Основна цел на новиот селектор е да го однесе Бразил на Светското првенство во Кина во 2019 година.

„Ќе се обидеме да се пласираме на СП во Кина. Среќен сум што ќе бидам селектор на Бразил. Ова е големо задоволство за мене и се надевам дека ќе бидам успешен“, изјавил Петровиќ на прес-конференцијата, на која ѝ беше претставен на јавноста.

Петровиќ како костур на тимот за претстојните квалификации издвои четири имиња: Аугусто Лима, Рикардо Фишер, Виктор Бените и Виктор Фаверани.

Бразил е поранешен светски првак во кошарка, но последната титула ја освоил во 1963 година.

Scroll to Top