Top Sport

Реал „падна“ и во Израел

По поразот од Црвена звезда, Реал Мадрид доживеа уште еден незгоден пораз во Евролигата, овојпат на гости кај Макаби Тел Авив, кои предводени од Тајлер Дорси стигнаа до 86:84 победа.

Дорси имаше 30 поени, 4 скока и 3 асистенции, за Макаби да се одмазди за поразот во деветтото коло во Мадрид (79:63) и да го подобри скорот на 10-11 во трка за место во плејофот. Треј Томпкинс ги предводеше „кралевите“ со 20 поени, 6 скока и 4 асистенции, Алберто Абалде додаде 13, а Реал падна на 13-8 скор.

Зенит Санкт Петерсбург, пак, за малку ќе пропуштеше предност од 23 поени во второто полувреме, но сепак, стигна до 85:78 победа над Анадолу Ефес, прекинувајќи ја низата од три победи на турскиот клуб.

Вил Томас имаше 10 поени во првата четвртина и заврши со 14, додека Остин Холинс и Кевин Пангос имаа по 13 поени. Василије Мициќ имаше 23 поени, 5 скока и 4 асистенции за Ефес, а Шејн Ларкин стигна до 20.

ЕВРОЛИГА, 21.КОЛО

Зенит Санкт Петерсбург – Анадолу Ефес 85:78 (28:15, 25:16, 11:24, 21:23)

Панатинаикос – Химки 94:78 (23:20, 23:13, 24:18, 24:27)

Макаби Тел Авив – Реал Мадрид 86:84 (24:33, 21:13, 18:20, 23:18)

Асвел Лион – Валенсија 90:77 (17:17, 23:17, 21:20, 29:23)

Армани Милано – Баерн Минхен 75:51 (20:10, 22:10, 21:15, 12:16)

Scroll to Top