Top Sport

Реал потпиша договор со Тео Маледон

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го доведе првото засилување за следната сезона. Тригодишен договор со Реал потпиша поранешниот плејмејкер на Асвел, Тео Маледон.

Убедливо најдобриот првотимец на тимот од Вилвербан во неодамна завршената сезона во Евролигата, со тоа го официјализираше принципиелниот договор што го имаше со „кралскиот клуб“ веќе некое време.

Преминувањето во редовите на најтрофејниот европски клуб несомнено ќе биде чекор напред во кариерата на Маледон по статистички најдобрата сезона во Евролигата.

Според извештаите, вредноста на договорот на Маледон во Реал ќе биде шест милиони евра, што значи дека Французинот ќе инкасира два милиони по сезона.

Договорот меѓу двете страни вклучува и НБА клаузула на крајот од дебитантската сезона, па Реал ќе мора да го пушти Французинот, доколку тој добие понуда од најсилната лига во светот, каде што веќе играше за Филаделфија, Оклахома, Шарлот и Хјустон.

Scroll to Top