Реал Мадрид беше најдобар кога беше најпотребно за да стигне до импресивна 73:65 гостинска победа кај Анадолу Ефес за да го подобрат скорот на 12-5, и да ги спуштат Ефес на само 8-9 по седумнаесет кола во Евролигата.
Мечот беше израмнет 63:63 на две минути пред крајот, кога Фабиен Касер постигна тешки поени, а Џејси Керол доаде уште два поени, додека Ефес ги утна своите шанси за камбек. Касер заврши со 15 поени, Треј Томпкинс додаде 13, а Николас Лапровитола постигна 10 поени.
Жалгирис пак, во исто толку драматичен меч, успеа да стигне до 74:71 победа кај Алба Берлин за петта победа едноподруго и 10-7 скор по 17 кола.
Најџел Хејс имаше 18 поени и 5 скока за литванскиот клуб, Жофри Ловерњ додаде 16 поени и 6 скока, додека Мариус Григонис го реши мечот со последните поени за да заврши со 12 поени.
ЕВРОЛИГА, 17.КОЛО
Химки – Олимпијакос 88:105 (23:26, 27:25, 14:27, 24:27)
Анадолу Ефес – Реал Мадрид 65:73 (20:13, 17:18, 14:21, 14:21)
Алба Берлин – Жалгирис 71:74 (14:12, 23:19, 11:23, 23:20)
Макаби Тел Авив – Зенит Санкт Петерсбург 72:78 (22:18, 13:19, 17:25, 20:16)
Басконија – Валенсија 71:70 (17:30, 22:17, 16:11, 16:12)