Top Sport

Реал со тројка на 3 секунди пред крајот преку Макаби, Асвел го „поништи“ Панатинаикос (видео)

Лион АСВЕЛ Вилербан стигна до изненадувачка 79:78 победа над Панатинаикос за совршен старт на новата сезона во Евролигата.

Шарл Кауди беше херој на францускиот тим, и иако имаше само 10 поени и 2 скока, неговите поени беа клучни во интересната завршница на мечот, помогнат од Дејвид Лајти, кој имаше 18 поени.

На три минути пред крајот на мечот, Панатинаикос имаше три поени предност, но клучните потези на Фредет и Томас донесоа предност од шест поени. Кауди ја избриша оваа предност со тројка, и потоа имаше клучен кош за израмнување на 78:78.

Драматично беше и во Мадрид, каде што Џејси Керол постигна клучна тројка на три секунди пред крајот за Реал Мадрид со 86:85 да го победи Макаби Тел Авив. Скоти Вилбекин имаше 22 поени и 4 асистенции за Макаби и го донесе израелскиот тим во водство, пред драматичната завршница.

ЕВРОЛИГА, 2.КОЛО

Лион-Вилербан – Панатинаикос 79:78 (22:22, 18:24, 10:17, 29:15)

Реал Мадрид – Макаби Тел Авив 86:85 (22:22, 28.22, 15:21, 21:20)

Scroll to Top