Top Sport

Реал заврши голема работа – Таварез ќе потпише нов договор

Најдоминантниот центар во Евролигата, Валтер Еди Таварез (32), ќе остане во Реал Мадрид. Изминатите неколку месеци се шпекулираше дека џинот од Заленортските острови ќе го напушти клубот, а како фаворит за неговиот потпис се издвојуваше Панатинаикос.

Според Рамон Алварез де Мон, новинар добро упатен во случувањата во „кралскиот клуб“, Таварез и Реал се договориле за тригодишно продолжување на соработката.

Тавареш е во Реал од 2017 година, претходно играше за Гран Канарија од 2009 до 2015 година, додека во НБА одигра 13 натпревари.

Оваа сезона Тавареш има просек од 9,6 поени, 6,6 скока, 1,5 асистенции и 1,5 блокади.

Реал беше прв во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, во четвртфиналето ја исфрли Басконија со 3-0, а на фајналфорот во Берлин (24-26 мај) ќе гледаме реприза на ланското финале со Олимпијакос.

Scroll to Top