Легендарниот Реџи Милер, еден од најдобрите шутери за три поени во историјата на НБА лигата, не крие дека е разочаран од судењето. Тој на „Твитер“ го коментирал исклучувањето на бекот на Атланта Хокс, Тре Јанг, во дуелот со Чикаго Булс.
Кандидатот за руки на годината, Јанг, погоди тројка од осум метри, потоа погледна кон противникот со мала гестикулација, а судиите му доделија техничка грешка. Бидејќи тоа му беше втора тој мораше да ја напушти играта.
„Што се случи со мојата сакана НБА кошарка? Ова стана премногу меко и чувствително, за ова Тре Јанг не требаше да добие техничка? Јас ќе банкротирав со вакво судење, ќе ме избркаа од лигата по две години…Оставете ги да играат“, напишал Реџи Милер на „Твитер“.
Јанг беше исклучен на почетокот од третиот период. Натпреварот го заврши со 18 поени и пет асистенции. Атланта Хокс на крајот славеа во Чикаго 123:118.
What’s happened to my beloved NBA game? So damn SOFT and SENSITIVE now, nooooo way Trae Young should be given a technical for this.. I would have been broke and out of the league in 2 years ???… #LetBallersBall pic.twitter.com/0eKlxOCx8V
— Reggie Miller (@ReggieMillerTNT) March 3, 2019