Top Sport

Харден и Гордон ги уништија Селтикс (Видео)

Хјустон им го нанесоа петиот пораз на последните шест натпревари на Бостон Селтикс. Во Босотн „ракетите“ триумфираа 115:104. Предводени од Ерик Гордон и Џејмс Харден, кошаркарите на Хјустон прашањето на победникот го решија уште во првото полувреме (65:43).

Харден и Гордон беа незапирливи, заедно постигнаа 74 поени, а погодија 14 тројки од 30 обиди. „Брадата“ натпреварот го заврши со 42 поени (6/18 тројки), а Гордон постигна 32 поени (8/12 тројки).

Бостон го предводеше Кајри Ирвинг со 24 поени, 19 постигна Ал Хорфорд, а 18 Маркус Смарт.

Бостон пред почетокот на сезоната се вбројуваа меѓу фаворитите за пласман во големото финале, но како играат тешко дека ќе стигнат и до финалето на својата конференција. Селтикс се петти на Истокот со 38 победи и 26 порази.

Хјустон исто така се петти на Западот со 38 победи и 25 порази, но до крајот на регуларниот дел ќе водат голема борба за третото место со Оклахома и Портланд.

Резултати:

Чикаго Булс-Атланта Хокс 118:123
ЛА Клиперс-Њујорк Никс 128:107
Кливленд Кавалирс-Орландо Меџик 107:93
Детроит Пистонс-Торонто Репторс 112:107
Вашингтон Визардс-Минесота Тимбервуфлс 135:121
Оклахома Тандер-Мемфис Гризлис 99:95
Шарлот Хорнетс-Портланд Трејлблејзерс 108:118

Scroll to Top