Top Sport

Реј Ален заврши во болница по пад од велосипед – кацигата го спасила

Поранешната НБА ѕвезда Реј Ален на Инстаграм потврди дека доживеал несреќа возејќи велосипед и покажа какви повреди доживеал откако паднал на лицето, на рамото и на колкот.

Играчот кој има постигнато најмногу тројки во историјата на НБА лигата (2.973) и кој има два шампионски прстени, со Бостон во 2008 и со Мајами во 2013 година ги информираше пријателите дека сега е добро.

Наведува дека забрзал кога видел дека има автомобил зад него, и кога ја свртел главата, веќе било предоцна да се избегне несреќата. Кога стигнал дома, по падот, речиси се онесвестил. Сопругата го однела во болница каде било востановено дека нема внатрешно крварење.

Тврди дек заштитната кацига го спасила од потешки последици, па ги покажа и гребаниците на рацете и телото:

Scroll to Top