Top Sport

Агентот Фали Рамадани им го нуди Јовиќ во Интер!

Како што во моментов стојат работите, играчот на Реал Мадрид, српскиот напаѓач Лука Јовиќ би можело повторно да оди на позајмица.

Јовиќ по се изгледа не е ниту во плановите на новиот тренер на „Лос Бланкос“ – Карло Анчелоти, па по се изгледа дека и сега кратко ќе се задржи во Мадрид.

Иако прво се шпекулираше дека српскиот играч е близу до трансфер (или позајмица) во Милан, сега откако „Росонерите“ потпишаа со Оливие Жиру, се појави нова вест – Јовиќ во Интер.

Поточно, неговиот агент Фали Рамадани на Реал им понудил поранешниот играч на Црвена Звезда да биде позајмен во таборот на „Нероазурите“.

Scroll to Top