Кошаркарскиот тим на Оклахома ги победи Феникс Санс со 138:89, ја забележа 24-та победа во 25-тиот натпревар од сезоната и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот.
Шеј Гилџис-Александер и шампионската група продолжија да ги поместуваат границите – синоќа постигнаа нешто што последен пат го постигнаа Голден Стејт Вориорс во сезоната 2015-2016.
Тие ја започнаа сезоната со резултат од 24-1 и се вториот тим во историјата со оваа серија!
Тандер ја демонстрираа својата сила против Санс, ги декласираа гостите од Аризона со 49 поени разлика и со стил се пласираа во полуфиналето на НБА Купот, на завршниот турнир што се игра во Лас Вегас.
Тимот на Марк Дагнолт ги победува ривалите со просек од 17,4 поени оваа сезона, што е речиси пет поени повеќе од претходната сезона. Тие изгледаат уште посилни, помоќни и подоминантни.
Актуелните шампиони ја забележаа својата 16-та последователна победа, што е нов рекорд на франшизата.
Во новиот триумф, актуелниот MВП Гилџис-Александер беше најефикасен со 28 поени (3/4 за три поени), Чет Холмгрен го следеше со 24 поени, Џејлен Вилијамс додаде 15, Лу Дорт 12 поени…
