Top Sport

Рекорд на Стеф Кари

Голден стејт Вориорс славеа победа во дуелот со Сакраменто Кингс (117:113) и останаа во трката за место во плејофот. Стеф Кари, на овој натпревар, стана играч со најмногу постигнати тројки во еден месец, во НБА лигата.

Најдобриот играч на Вориорс и за многумина најдобриот шутер во историјата на лигата, против Сакраменто постигна 37 поени, во текот на натпреварот постигна седум тројки од 14 обиди.

Од почетокот на месецот, Кари, постигнал 85 тројки. На четири натпревари, постигнал најмалку по 10 тројки.

Овој месец Кари има просек од 38,2 поени.

Scroll to Top