Top Sport

Рекордерот Кари го затрупа кошот на Денвер

Голден стејт Вориорс, предводени од спектакуларниот Стеф Кари, забележаа победа над Денвер Нагетс 116:107. Вориорс со оваа победа останаа во плејоф зоната, со скор 26 победи и 28 порази се 10. на западот. Денвер се четврти со 30 победи и 24 порази.

Кари одигра неверојатен натпревар, постигна 53 поени (10 тројки), на кои придодаде седум скока и четири асистенции. Најдобриот шутер во лигата, на овој меч го надмина Вилт Чембрлен. Со 17.783 поени, Кари стана најдобриот стрелец во историјата на франшизата.

Покрај Кари, кај Вориорс се истакнаа и Дрејмон Грин со 18 поени и по седум скока и асистенции, односно Ендрју Вигинс со 17 поени.

Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 27 поени, 12 скока и осум асистенции, три поени помалку постигна Мајкл Портер јуниор. Проблем за Денвер е повредата на Џамал Мареј, кој во последната минута со болна гримаса го напушти теренот.

Њујорк Никс убедливо ги поразија ЛА Лејкерс со 111:96. Џулиус Рендл, поранешниот играч на Лејкерси, забележа 34 поени. Во отсуство на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, кај Лејекрси се истакна Денис Шрудер со 21 поен и шест асистенции.

Вашингтон Визардс го изненадија најдобриот тим во лигата, Јута Џез, со победата 125:121.

Бредли Бил постигна 34 поени, а Расел Вестбрук запиша нов трип-дабл (25 поени, 14 скока, 14 асистенции).

Кај Јута се истакнаа Донован Мичел со 42 поени и Бојан Богдановиќ со 33. Мичел на последните три натпревари постигнува најмалку 40 поени.

Резултати:
Далас-Филаделфија 96:113
Орландо-Сан Антонио 97:120
Мемфис-Чикаго 101:90
Њу Орлеанс-Сакраменто 117:110
Финикс-Хјустон 126:120.

Scroll to Top