Top Sport

Репеша нов селектор на кошаркарите на БиХ

Хрватскиот тренер Јасмин Репеша ќе биде новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина. Репеша на кормилото ќе го наследи Душко Вујошевиќ кој поради здравствени проблеми го раскина договорот со Сојузот.

„Утре доаѓам во Сараево и верувам дека успешно ќе ги завршиме преговорите. Луѓето од Сојузот се најдоа во тешка ситуација која е толку ургентна што е невозможно да се изнајде решение во овој момент, но јас сум подготвен да помогнам. Дали ќе ја водам БиХ само на двете средби во кавлификациите овој месец или ќе останам повеќе ќе видиме потоа“, изјавил вечерва за порталот „sportsport.ba“, Репеша.

Јасмин Репеша има 57 години, во периодот од 2005 до 2009 година бил селектор на Хрватска, а како клупски тренер работел во Цибона, Тофаш, Сплит, Сласк Вроцлав, Фортитудо, Рома, Бенетон, Уникаха и Цедевита.

Scroll to Top