Јасмин Репеша повеќе не е тренер на Фортитудо. Хрватот поднесе оставка по поразот од Реџана (80:91), во првото коло.
Репеша, кој со Фортитудо, во 2005 година беше шампион на Италија и кој неодамна го започна третиот мандат во клубот, на новинарите им ги објаснил причините за оставката.
Тренерот беше исклучен во финишот на натпреварот, признал дека во соблекувалната имал тахикардија.
„Сакам да им се извинам на клубот и играчите. Работев како куче за овој клуб, но на крајот не се чувствував добро, имамв тахикардија. Заминувам. Фортитудо е мојата прва и единствена љубов, но не можем да продолжам. Знаете дека никогаш не ги менувам одлуките“, им изјавил Репеша на новинарите.