Челниците на кошаркарската Евролига, размислуваат да воведат голема промена за завршниот турнир.
Како што пренесува „Јурохупс“, Евролигата сериозно ја разгледува опцијата, наместо натпреварот за третото место да се игра финалето во Еврокупот.
Одлуката се уште не била конечно, но според овој извор, сценариото е сосема реално, бидејќи речиси и да не постои интерес за натпреварот за третото место на завршниот турнир.
Доколку планото биде реализиран, тоа значи дека пред големото финале во Евролигата, ќе се игра финалниот меч во Еврокупот.
Завршниот турнир во Евролигата, во сезоната која е пред нас, во 2022 година, ќе се одигра во Берлин.