Лос Анџелес Лејкерс ги победија Далас Маверикс по продолжението 119:110. Мечот мина во знакот на двајца кошаркари Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.
Младиот Словенец само потврди дека се наоѓа во добра форма на почетокот на сезоната, додека Леброн потсети зошто е еден од најдобрите, ако не и најдобар во лигата.
Дончиќ забележа трипл-дабл од 31 поен, 13 скока и 15 асистенции, а со иста мерка му врати Леброн (39 поени, 12 скока, 16 асистенции).
Далас ја имаа победата на овој меч, водеа со три поени на шест секунди до крајот Дени Грин погоди тројка и го однесе мечот во продолженија.
Лекјкерс имаат скор 4/1, додека Далас се на 3/2.
Резултати:
Бруклин-Хјустон 123:116
Индијана-Кливленд 102:95
Орландо-Милвоки 91:123
Бостон-Њујорк 104:102
Чикаго-Детроит 112.106
Сакраменто-Јута 102:101
Голден стејт-Сан Антонио 110:127