Top Sport

Режимот на исхрана на НБА ѕвездата, Андре Драмонд – секој ден со пиво!

Откако американската кошаркарска репрезентација го најави доаѓањето на СП во Кина во најсилниот состав, екипата почна да се распаѓа, а меѓу многуте НБА ѕвезди кои го откажаа своето учество на Мундобаскетот, беше и центарот на Детроит Пистонс, Андре Драмонд (25).

Потоа следуваше и промена на неговиот дневен режим на исхрана. Го исфрлил од исхраната црвеното месо, па секој ден јаде риба, но задолжително мора да испие и едно шише пиво.

„Ако го правите тоа како што треба, тоа е добро за вас и затоа сам тоа го правам“ – изјави Драмонд.

Кошаркарскиот центар дневно внесува малку калории, па тоа сака да го надополни со консумирање пиво. Дали овој напиток ќе му помогне во новата сезона, дополнително ќе видиме.

Минатата сезона Драмонд беше најдобар скокач во НБА со 15.6 скока по меч, а постигнуваше во просек по 17,3 поени.

Scroll to Top