Top Sport

СП 2006 – функционери на ФИФА обвинети за измама, меѓу нив и Бекенбауер

Јавниот обвинител во Швајцарија подигна обвинение против тројца членови на Организацискиот комитет на Светското првенство во фудбал во 2006 година во Германија и против уште еден екс-функционер на ФИФА.

Тие се обвинети за измама и сокривање на улати од 6,7 милиони евра со кои е поврзна Светската фудбалска федерација. Како цел за плаќање, во април 2005 година наведено е дека споменатата суа била наменета за свеченото отворање на Мундијалот.

Од канцеларијата на јавниот обвинител во Швајцарија е соопштено дека Хорс Шмит, Тео Цвацигер и екс-генералниот секретар на Швајцарија во ФИФА, Урс Линзи здружено направиле измама, а Волфганг Нирсбах е обвинет за соучесништво во измама. Нирсбах и Цвацигер се екс-претседатели на Фудбалскиот сојуз на Германија.

Во соопштението се наведува и дека судски процес против славниот Франц Бекенбауер, кој беше претседател на организацискиот комитет за Мундијалот 2006 ќе се води одвоено, затоа што поради здравствени причини, не е во можност да биде опфатен со ов обвинение.

Scroll to Top