Рускиот тренер Евгениј Пашутин замина од Локомотив Кубан. Тренерот поднел оставка по синоќешниот пораз во Хамбург (100:82) во Еврокупот.
Локомотив тим составен од врвни играчи, со цел да се освои Еврокупот, игра под сите очекувања од почетокот на сезоната. Во Еврокупот, во А-групата, се наоѓа на третото место со скор од пет победи и два порази.
Клупските челници објавија дека Пашутин ќе го замени асистентот Бранко Максимовиќ.
Српскиот тренер во кариерата работел во ФМП, Мадост, Вршац, Интер Братислава и Хандлава.
На клупата на Локомотив ќе дебитира наредната среда, кога во Кубан ќе гостува Партизан.