Top Sport

Рингер: Јокиќ е број 1 во НБА лигата

„Рингер“, порталот на познатиот спортски новинар, Бил Симонс,, ја објави листата на 25 најдобри играчи во НБА лигата. Според порталот, во овој момент најдобар играч во НБА е центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ.

„Рингер“, пишува дека оваа сезона Јокиќ се издвоил од сите останати играчи и дека статистички е пред сите останати.

Српскиот репрезентативец е најдобар во сите напредни статистики, тој игра една од најдобрите офанзивни сезони во историјата на НБА лигата.

Во коментарот на порталот се додава дека Јокиќ е играч на иднината и дека е комбинација на славните кошаркари од Европа, Дирк Новицки и Арвидас Сабонис.

Јокиќ сезонава, кога ќе се соберат поените, асистенциите и асистенциите од блокови, креира 58 поени по натпревар, пет повеќе од Џејмс Харден.

Во досегашниот дел од сезоната, Јокиќ има просек од 26,2 поени, 10,9 скока и 8,5 асистенции.

Листата на најдобрите 25 играчи во НБА:

25. Карл Ентони Таунс (Минесота)
24. Џру Холидеј (Милвоки)
23. Бем Адебајо (Мајами)
22. Донован Мичел (Јута)
21. Џулиус Рендл (Њујорк)
20. Девин Букер (Финикс)
19. Бредли Бил (Вашингтон)
18. Руди Гобер (Јута)
17. Џејсон Тејтум (Бостон)
16. Кајри Ирвинг (Бруклин)
15. Џими Батлер (Мајами)
14. Пол Џорџ (ЛА Клиперс)
13. Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс)
12. Крис Пол (Финикс)
11. Демијан Лилард (Портланд)
10. Лука Дончиќ (Далас)
9. Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс)
8. Џејмс Харден (Бруклин)
7. Јанис Адетокумбо (Милвоки)
6. Каваи Ленард (ЛА Клиперс)
5. Кевин Дурент (Бруклин)
4. Стеф Кари (Голден стејт)
3. Џоел Ембид (Филаделфија)
2. Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс)
1. Никола Јокиќ (Денвер).

Scroll to Top