Top Sport

Риверс на клупата на Филаделфија Севентисиксерс

Док Риверс ќе седне на клупата на Филаделфија Севентисиксерс. Тренерот кој во 2008 година со Бостон Селтикс ја освои титулата пред неколку дена ги напушти Лос Анџелес Клиперс.

Генералниот менаџер на Филалделфија Елтон Бренд рекол дека брзо постигнале договор со тренерот. Риверс ќе потпише пет годишен договор со франшизата во која главни ѕвезди се Џоел Ембид и Бен Симонс.

Риверс замина од Лос Анџелес Клиперс откако не успеа да го мине Денвер во полу-финалето во Западната конференција. Клиперси испаднаа од плејофот во седум натпревари иако имаа водство од 3:1 во серијата против Денвер.

Филаделфија се решија за Риверс пред Мајк Дантони и Тајрон Лу.

Scroll to Top