Top Sport

Родман: Мадона ми нудеше 20 милиони долари да ѝ направам дете (видео)

Легендата на Чикаго булс, Денис Родман повторно е во центарот на вниманието со контроверзи на негов начин, откако во интервју ја опиша врската со поп-дивата Мадона во 1990-тите, тврдејќи дека му нудела 20 милиони долари само да ѝ направи дете.

„Ми кажа: ’Денис, знаеш дека овулирам’. Јас ја прашав: ’Што е тоа?’. Се обидував да се шегувам. Таа ми кажа дека ќе ми плати 20 милиони долари ако ѝ направам дете и ако тоа успешно се роди. Таа беше во Њујорк дома, јас бев во казино во Њујорк. И кажав дека ќе дојдам, а таа прати авион по мене. Отидов кај неа, ја завршив работата и се вратив на коцкање во Лас Вегас“, вели Родман.

Тој исто така мисли дека детето кое Мадона го имаше со тренерот Карлос Леон, ќерката Лурдес Леон е резултат на сличен финансиски договор.

Родман има три деца – синот Ди Џеј и ќерката Тринити со својата трета сопруга Мишел Мојер и најстарата ќерка Алексис со првата сопруга Ени Бејкс.

Scroll to Top