Поранешниот НБА кошаркар Денис Родман изјави дека ќе се обиде да ја ослободи сонародничката Бритни Грајнер од затвор во Русија. Грејнер, ѕвезда на ВНБА, неодамна беше осудена на девет години затвор поради обид за шверц на нелегални супстанци во Русија.
„Добив дозвола да одам во Русија за да и помогнам на таа девојка. Ќе се обидам да го направам тоа оваа недела“, изјави Родман за Ен-би-си.
Иако Родман, кој историски има интересни билатерални односи, веројатно со сигурност верува во успехот на неговата мисија, многумина не го делат тој став.
„Постојат информации од јавен карактер дека нашата администрација им понудила на Русите значајно решение и сè освен продолжување на преговорите може дополнително да ја комплицира ситуацијата и да влијае на обидите за ослободување“, изјави претставник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Ако Родман замине во Русија, нема да биде првпат поранешната ѕвезда на Чикаго Булс да се занимава со неофицијална дипломатија.
Тој низ годините разви врска со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неколкупати му беше гостин, додека рускиот претседател Владимир Путин го нарекол „кул тип“ по посетата на Москва во 2014 година.
Во 2018 година тој беше виден заедно со Доналд Трамп како се среќава со Џонг Ун во Сингапур, а во една прилика истакна дека токму тој е одговорен за ослободувањето на Американецот Кенет Бае од Северна Кореја.